« Ostali tekstovi
Autor: J.P.
Postavljeno: 21. 09. 2015.
Кога ние имавме автокефална црква во Црна Гора, СПЦ беше во турско ропство
Црногорската православна црква со векови ја потврдуваше својата автокефалност, создаваше, водеше и ја зачува независна црногорската држава со илјадагодишна историја. СПЦ, како и српскиот народ и државата, се наоѓаше во турско ропство, во длабоко зависна положба од Цариградската патријаршија, вели митрополитот Михаило
БРАНКО ЃОРЃЕВСКИ
Митрополитот цетињски и архиепископ црногорски Михаило, кој е поглавар на с` уште непризнаената Црногор-ска православна црква, катего-рично стои во одбрана на предлогот на законот за слободата на вероисповедта, кој деновиве практично го подели црногорското општество.
Српската православна црква преку трите епархии што има во Црна Гора тргна во офанзива против предложените законски решенија бидејќи смета дека тие најдиректно ќе го загрозат нејзиното опстанување во оваа држава. Таа во ЦПЦ гледа инструмент на актуелните црногорски власти во плановите за јакнењето на црногорскиот идентитет и заради што со сите сили сака да го попречи обновувањето на автокефалноста на ЦПЦ. Познато е, по Првата светска војна со контроверзното подгоричко собрание беше укинато меѓународно признатото Kралството Црна Гора, а автокефалната ЦПЦ беше згасната и приклучена кон СПЦ со одлука на тогашниот регент Александар Караѓорѓевиќ. Митрополитот Михаилое на чело на оваа верска заедница која смета дека автокефалноста на ЦПЦ никогаш не загаснала и дека таа и денеска има право на свое самостојно постоење. Но, останатите православни цркви, како и во случај на МПЦ-ОА, тоа с` уште не гопризнаваат.
Еден од главните проблеми воврска со новопредложениот закон за слобода на вероисповедта е тоа што предвидува верските објекти изградени пред 1918 година да станат државна сопственост. Зошто како Црногорска православна црква го поддржувате таквиот концепт?
- Новиот закон за слобода та на вероисповедта, кој во форма на нацрт се наоѓа на јавна расправа, го поддржуваме поради тоа што тој со членот 52 предвидува православните верски објекти (цркви, манастири и црковно земјиште) да ~ се вратат на државата Црна Гора, на која ~ припаѓаа пред 1. 12. 1918.година. Нив единствено ги користеше автокефалната Црногорска православна црква како државна црква на со векови независната имеѓународно признаена држава Црна Гора. Со вакво решение праведно се решава црногорското православно црковно прашање и се обнову0ваат и црногорските црква и држава. Се заокружува и црногорскиот државен и црковен суверенитет и интегритет и, најпосле, се зацврстува црногорскиот државен, национален, духовен, црковен и културен идентитет на Црногорците како историски државотворен народ и нација.
Милиони евра ќе остануваат во Црна Гора
Дали е точно дека манастирите во Црна Гора, посебно манастирот во Острог, остваруваат милионски приходи. Се спомнува сумата и до 50 милиони евра, која потоа се изнесува од Црна Гора бидејќи државата не смее да се меша во црковните работи на Црногорско-приморската митрополијата на Српската православна црква, во чии што раце тој сега се наоѓа?
- Точна е вашата констатација дека во манастирите во Црна Гора,а посебно во Острошкиот манастир, се остваруваат милионски приходи, можеби и поголеми од 50 милиони евра како што наведувате. Со донесувањето на законот за слободата на вероисповедта се оневозможува ваквото незаконско остварување на милионските приходи на Црногорско-приморската митрополија на СПЦ.
Што очекува Црногорската православна црква од овој предложен закон. Зошто сметате дека тој е прифатлив?
- Очекуваме предложениот закон да се изгласа во парламентот на Црна Гора и да почне да се применува во реалноста. Законот е прифатлив бидејќи на ниту една црква и верска заедница не ~ одзема ништо, ниту ги намалува правата и слободите.Напротив, ги заштитува и ги проширува во согласност со највисоките меѓународни стандарди на правната пракса во светот. На Српската православна црква во Црна Гора ваквиот закон не ~ одговара бидејќи ~ ја оневозможува досегашната нелегитимна и монополска положба на штета на државата Црна Гора, на православните Црногорци и на Црногорската православна црква.
СПЦ произлезе од Охридската архиепископија
Зарем ваквиот ваш став нема да ја отежне борбата за признавање на автокефалноста на Црногорската православна црква бидејќи влијанието на Српската православна црква е големо во православието?
- Нашиот став не ја отежнува нашата борба за признавање на автокефалноста на Црногорската православна црква бидејќи води кон враќање на нашите насилно и незаконито одземени верски права и слободи. Kако што претходно
наведов, со ваквиот закон се зајакнуваат и се засилуваат статусот и позицијата на Црногорската православна црква, но и на државата Црна Гора и на црногорскиот народ.Црногорска православна црква беше, е и ќе биде автокефална. Занејзината автокефалност сведочат многу зачувани и објавени архивски документи. Српската православна црква произлезе од Охридската архиепископија. Да не беше Охридската архиепископија немаше да го има ниту свети Сава, а ни Српската православна црква. Засето ова аргументирано зборуваат Димитрие Хоматијан, Острогорски и други компетентни автори.
Со векови Црногорската православна црква ја потврдуваше својата автокефалност, создаваше, водеше и ја зачува независна црногорската држава со илјадагодишна историја. СПЦ, како и српскиот народ и држава, се наоѓаше во турското ропство, во длабоко зависна положба од Цариградската патријаршија. ЦПЦ никогаш не беше под Цариградската патријаршија и неаја признаа сите православни цркви, а меѓу нив и Руската, Српската и Вселенската патријаршија.
Што доколку државата не го донесе овој закон, туку го повлече по острите реакции на СПЦ?
- Државата ќе го донесе овој закон. Тој ќе биде донесен бидејќи ги брани, потврдува и ги афирмира принципите на правото и на слободата. Со него е погодена само СПЦ поради својата нелегитимна положба во црногорската држава и општество.
Опозицијата на Црна Гора ми ја монтира снимката со постарата жена Зошто така реагиравте во инцидентот со постарата жена во Kотор. Kако духовник, нели можевте да се воздржите од таквата реакција?
- Нападнат од насобраната маса со вербални навреди и клевети со кои се повикуваше на физички линч, не само мој, туку и на мојата придружба, јас во крајна легитимна самоодбрана, без какви и да било физички контакти со постарата жена, со испружена рака го затворив просторот пред нејзините усни и со тоа ја оневозможив да продолжи да ме плука бидејќи тоа веќе еднаш го стори. Повторувам, немаше никаков физички контакт бидејќи мене како духовник не ми е својствен таков начин на комуникација со кој било, а камоли со постара личност, одозгора и жена. Меѓутоа, опозициските медиуми и партиите кои не се опозиција во државата Црна Гора, туку опозиција, работејќи перманентно на нејзиното уривање, инсценираа и монтираа мое самозаштитно движење со раката во крајна самоодбрана на личното достоинство, лажно и премногу зголемено преставувајќи ме како напаѓач, иако јас не сум тоа.
Спорно исклучување
Световното име на 77-годишниот архиепископ е Мираш Деадиќ, кој своите теолошки студии ги завршил во Белград, а постдипломските студии на Папскиот ориентален институт во Рим. Тој никогаш не бил свештеник на СПЦ, а за како таков е ракоположен во 1988 година во Виена, Австрија, од страна на тогашниот митрополит на Австрија, Хризостом, по претходна одлука на цариградскиот патријарх Димитрие I. Потоа беше под јурисдикција на вселенскиот патријарх Вартоломеј, стана и архимандрит, с` донеговата оставка во Грчката православна црква во Рим во 1977 година. Дотогаш Вселенската патријаршија немаше никаква забелешка за неговата работа. Но, и покрај тоа, Вселенската патријаршија во договор со СПЦ во 1977 година донесе одлука за негово исклучување од црквата. Потоа,на собирот во Цетиње, Црна Гора, во 1988 година е хиротонисан за црногорски митрополит. Хиротонијата ја извршиле тогашниот бугарски „алтернативен“ патријарх Пимен и седум други митрополити. Пимен беше еден од предводниците на расколот во Бугарската православна црква, кој се случи на почетокот на 90-тите години од минатиот век. Тој и неговите приврзаници имаа под контрола повеќе храмови, но на крајот мораа да се покаат и да се вратат восоставот на БПЦ.
http://dnevnik.mk/?ItemID=6A46BD7208DA824EAFD4EB52FE1C45D1